Денеска (08.04.2022) во 09.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски” во Струмица, патничко возило „фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во с.Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од с.Русиново, со живеалиште во Струмица.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

струмицаУвид на местото извршила екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.