Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.

Од полицијата информирaа дека кај нив бил пријавен случајот по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден женски труп. Увидот од страна на полицијата и обвинителството заврши пред малку, но, повеќе детали не се соопштуваат. Само кусо информираа дека во текот на утрешниот ден ќе се знаае повеќе за настанот, како и за можните сторители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.