Полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово, вчера (16 април) го лишиле од слобода И.М.(47)од Скопје, со живеалиште во Струмица, кој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од две години и шест месеци, а бил осуден на три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето како што соопштија од МВР, било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.