Страотна сообраќајна несреќа ноќеска се случи во Кавадарци, на улицата Пионерска.

Според првичните информации, автомобилот се движел со голема брзина по што изгубил контрола. Во автомобилот немало сопатници, а возачот, на возраст од триесетина години, се здобил со тешки телесни повреди.

Предизвикана е и голема материјална штета, а дел од градот е без струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.