Странски држајванин тешко повреден бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен Крст.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.