Маж е тешко повреден во карамболот што се случи вчера попладне во 17.00 часот на автопатот Куманово – с.Табановце, кај с.Долно Коњаре.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(53) од с.Ваксинце и патничко возило „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(23) од с.Табановце, кумановско. Притоа, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од С.С.(45) од с.Оризаре, општина Липково и паркирано патничко возило „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од И.Р.(45) од с.Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото.

Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.