Полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино вчера го лишиле од слобода Р.А.(44) од с.Пепелиште, неготинско.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива.

Жителот на село Пепелиште бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.