Тетовецот С.К. (76) денеска е приведен во СВР Тетово бидејќи вчеравечер околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата.

Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди, по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово.

Според С.К., делото го сторил поради вревата што ја правеле малолетниците пред зградата.

Известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.