Вчера попладне во СВР Скопје, Т.Д. (88) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12 часот на бул. „11-ти Октомври“, општина Центар, три лица извршиле разбојништво над него односно физички го нападнале и му одзеле паричник.

На Т.Д. му била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.