Младиот фудбалер Н.С од Лесковац после 12 денови борба за живот починал во болница во Скопје, објави „Југмедиа“.

26-годишниот Н.С фудбалер на ГФС со друштво летувал на Охридското езеро. Во еден момент тој скокнал од карпа, но долу имало подводен камен и тој го скршил вратот, односно шестиот кичмен пршлен.

Веднаш бил префрлен во Скопје и опериран, но откако паднал во кома веќе не се разбудил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.