Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Ш. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил едно кривично дело „тешка кражба“.

Минатиот вторник во периодот од 15.30 до 16.45 часот на паркинг простор на бул. „АСНОМ“ во Скопје со употреба на сила од патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М., одзел торба со лични предмети и спортска опрема, по што побегнал.

По преземени мерки, на 03.07.2019 Н.Ш. бил пронајден и лишен од слобода. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.