Последен пат си го видов синот Иле на втори април, кога излезе од дома. Помина април, помина мај, еве и јуни дојде, моето дете не може да се најде. Ми се наруши здравјето од грижи, си зедов годишен одмор од работа, не можам да функционирам повеќе, раскажува во телефонски разговор за „Фокус” Снежана Лазаревиќ од Демир Капија, чиј син Илија (30) се води за исчезнат повеќе од два месеци.

Снежана вели дека чувствува како детето и е живо и здраво, и прашува што треба да стори за да надлежните служби покажат поголема ажурност во истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.