На граничен премин „Табановце“, вчера околу 22 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(31), Р.Н.(26) и М.М(29), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ во продажен објект во хотел во близина на граничен премин „Богородица“, информира МВР.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.