Нема доказ дека јас ги координирам насобраните пред општината. Не знам како тоа сум го правел, со волшебно стапче или на холограм – објасни Миле Јанакиески во завршните зборови како одговор на исказот на сведокот Томислав Лазаров.

Јанакиески вели дека на снимките се гледа дека никој од обвинетите нема мобилен телефон ниту пак тоа го прават во бранови откако Лазаров наводно ќе го известел дека седницата продолжила.

Срамно и ниско е. Томислав Лазаров се обидува вината да ја префрли на некој друг. Обвинувањето на Обвинителстото е тотална перцепција. Доказ нула – смета Јанакиески.

Тој уште еднаш повтори дека на 3 јуни 2013 немал никаков состанок бидејќи тогаш бил во Белград на заедничка средба на владите и се задржал два дена.

Но и да се одржал таков состанок тој ќе бил во функција на дневниот ред а не за поттикнување насилство – рече Јанакиески.

Тој рече дека во јавноста се лицитира колкава казна треба да добие во услови кога првообвинетиот не е во државата но оти пресудата треба да биде темелена искучиво на докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.