На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република  Македонија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и став 7 и за кривично дело ,,Криумчарење“, казниво по член 278 став 1 став 3 и став 9 од Кривичниот законик.

Имено, на ден 11.08.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението Cannabis.

По добиена наредба од надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија, Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението Cannabis.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.