Автобусот на „Беса-транс“ ја пречекорил дозволената брзина на движење од 90 километри на час. Првиот човек на бугарската истражна служба, вели дека, поради дождот, ноќта на 23 ноември, коловозот бил лизгав, па возачот морал да ја прилагоди брзината со условите на патот.

Истрагата ја отфрлила можноста дека несоодветната сигнализација на автопатот е причина за трагедијата, објави Сител.

Точните причини за несреќата во која загинаа 45 лица, бугарските истражни служби очекуваат да ги дознаат до крајот на идната недела. Клучните вештачења кои ќе ја затворат истрагата, ќе ги добиеле до католички Божиќ.

Додека истрагата на бугарските служби е на самиот крај, од македонското обвинителство не откриваат што утврдила нивната истрага за работењето на „Беса-транс“. Велат, во интерес на постапката, не се споделувале детали.

Претходно, истрагата во Бугарија, откри дека автобусот е репариран во Турција, но мистерија е какви материјали биле користени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.