Триесет и шестгодишниот тетовец Љ.С., синоќа околу 19 часот во Полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29 – годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш.Ф., исто така од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.

Веднаш била организирана потрага по двете лица, во која учествувале повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места. Ноќеска околу 2 часот и 30 минути, лицата биле пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.