МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар палас“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Прилеп, одоговарајќи на прашањето до каде е истрагата за тој случај.

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

Се работи на истрагата за инцидентот со пукањето во хотелот „Александар палас“. За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори. Но, ние интензивно работиме на тој случај, изјави Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.