Синоќа за жал имаме двајца повредени на семејна веселба. Знам дека присуствувал и еден пратеник на таа семејна веселба, но сите факти и аргументи од увидот што се вршеше ноќеска ќе бидат систематизирани и врз основа на тоа ќе биде дадено до Јавното обвинителство, со цел да се расчисти случајот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со инцидентот што се случил синоќа на свадба во Мала Речица при што се повредени две лица, од кои едниот е син на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми.

Според Спасовски, поважно е колкава е генерално свеста кај граѓаните во однос на употребата на огненото оружје.

Семејните веселби не се прават за таму некој да се однесува неоодговорно и да употребува огнено оружје. Не можам да го разберам тој начин на веселба со огнено оружје. Се знае кога и во кои услови се користи огнено оружје, рече Спасовски, кој денеска присуствуваше на седница на Локалниот совет за превенција во општина Карпош, а претходно ја посети и Полициската станица во општината.

Тој упати апел до сите граѓани, до секој кој е дел од каква било забава, како што рече, да славиме достоинствено како што ни долкува на сите нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.