Камерите од видеонадзорот во градот не се за казнување, туку тие до пред две-три години беа користени од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Канал 5.

Видеонадзорот на улиците во Скопје не се камери за казнување во сообраќајот, туку само за надзор. Во 2017 години тој систем бил користен исклучиво од УБК, а сега откако е создадена правна рамка, видеонадзорот е комплетно во служба на јавната безбедност. Тој систем треба да се надогради и ќе вклучи камери за сообраќајните прекршоци со што ќе се избегне човечкиот фактор и селективноста. Секој кој ќе направи прекршок ќе знае дека ќе мора да одговара за тоа, рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.