На 03.03.2023 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани. Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење.

Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило “фолксваген пасат”со косовски регистарски ознаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.