Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека извршил кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.