На социјалните мрежи се споделува апелот за пронаоѓање на 28-годишната Марија Брзакова од струмичкото село Босилово. Таа последниот пат кога е видена била облечена  во тренерки, а излегла од дома на 18 јануари 2020 година во утринските часови.

Од СВР Струмица за „Република“ велат дека исчезнувањето на Брзакова во струмичката полиција е пријавено на 20 јануари во 15,20 часот, од страна на нејзиниот сопруг Б.Б.(29) од село Босилово.

СВР-Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.