Незадоволна од досудената условна пресуда на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ за возачот кој во сообраќајка го усмрти нејзиниот сопруг, тетовката Наташа Димитриевска битката за правдата ќе ја бара преку Судскиот совет.

Таа вели дека се уште не може да се соземе од шокот дека возачот поминал само со условна казна, се сомнева во незаконито и пристрасно постапување на судијката.

Освен во судската одлука, Наташа не се согласува и со квалификацијата на кривичното дело која ја одредува обвинителката која го води случајот.

Со претставката која ја достави до Судскиот совет, но и битката што ќе ја води пред повисоките судови, очекува да се задоволи правдата за загинатиот сопруг но и бебето кое го загубила како резултат на несреќата.

Извор за телевизијата Канал 5 вели дека не ја исклучува можноста од постапка за утврдување на одговорност на судии доколку се утврди несовесно работење.

Изречената условна казна изминатите денови предизвика низа негативни реакции во јавност.

Денеска и од Основното јавно обвинителство соопштија дека ќе вложат жалба до Апелациониот суд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.