Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.

„Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Панајотова.

Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе. Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.