Четириесет годишна скопјанка го загуби вчеравечер животот во сообраќајната несреќа која се случи кај Радишани.

Од МВР денеска информираат дека несреќата кај нив била пријавена околу 21 часот.

На обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско, велат од МВР.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.