Во судар помеѓу две возила на патот Чашка – Голозинци кај село Голозинци повредени се седум лица од две возила, меѓу кои две деца.

Како што информира началничката на Итна помош пр ЈЗУ Здраvствен дом Велес, д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, повредените била земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес.

Оттаму информираат дека двете деца од кое едното во бесознание кое е со потешки повредите на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.