Сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила се случи доцна попладнево на
автопатот Скопје – Гевгелија, на околу еден километар од граничниот премин „Богородица“.

Од СВР Струмица велат дека во моментов се врши увид на местото на несреќата и кај клучката Гевгелија, сообраќајот се пренасочува по стариот пат кон граничниот премин.

Нема официјална информација за повредени, иако некои очевидци тврдат дека има и повредени.  Од СВР Струмица повеќе детали најавија подоцна во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.