Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Штип – Миладиновци, на влезот на Свети Николе, во која едно возило со странски регистарски таблици зилетело од коловозот од засега не познати причини. Возачот е повреден и пренесен во Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова информира дека во тек е увидот на местото на сообраќајката од страна на јавен обвинител и крим техника, по што повторно ќе биде пуштена во употреба оваа делница. Во меѓувреме, возилата се пренасочуваат кон и преку Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.