Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која се случи вчера во 16,15 часот на улицата „1“ во село Стајковци.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од 55-годишниот А.Т. од село Бунарџик, скопско удрило во пешак, 56-годишниоот З.П. од село Стајковци, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т.(30) и И.Н.(75) двете од село Булачани, скопско констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.