Вчера попладне на крстосницата од локалните патишта за село Габрово – село Банско и село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Галакси“ со германски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (47) од Струмица и патничко возило „Пежо 307“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (27) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една од сопатничките во возилото „Форд Галакси“, која била пренесена во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.