Синоќа околу 20 часот било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Л. (57) од Скопје, и моторцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П. (35) од Скопје.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.