На 21.05.2019 година во 12:40 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во село Гајре, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(25), патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки, управувано од А.Р.(64) како и патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(38), сите од село Шипковица, тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „Форд Транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди.

Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.