Вчера околу 14.00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и мопед „баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.