Жена е тешко повреденена во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 16.30 чaсот во Скопје на ул.„Јужен булевар“.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од М.Н.(52) од Велес и патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К. од с.Инџиково, скопско. Во незгодата сопатничката од мотоциклот Ј.Н.(52) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.