Маж се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на автопатот Неготино-Демир Капија. Како што информира МВР синоќа во 00:10, 41-годишниот Е.Ш. од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес 400ЦДИ“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 70-годишниот Д.М. од Кавадарци и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Е.Ш. се здобила со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.