Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар возило удрило во жардиниерата, пишува „Скопје инфо“.

Полицијата е присутна на местото на настанот. Со пајак-служба се отстранува автомобилот, кој блокира две коловозни ленти.

Сѐ уште не се знае дали има жртви или повредени. Надлежните служби се обидуваат да го оспособат булеварот за непречено одвивање на сообраќајот, кој наутро е густ, а дополнително е отежнат поради тоа што е затворена улицата во центарот на градот, односно од крстосницата кај Црвен крст се до Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.