Собирачи на пластични шишиња, но и земјоделци кои имаат ниви околу депонијата во близина на селото Карбинци вчера ја заплаиле, а утринава исто така чади, информира директорот на комуналното претпријатие Ѓорѓе Јанков.

Викендов нашите екипи не складираат отпад на депонијата, немаме чуварска служба на неа и затоа дивите собирачи на пластични шишиња или месното население за да си ги зшатити нивите ја потпалуваат, вели Јанков.

Тој истакна дека спас за ваквите потпалувања на депониите, како и за соодветно складирање на отпадот ќе биде регионалната депонија во село Мечкуевци, каде организирано ќе се носи отпадот.

Штипските пожарникари деновиве се постојано на терен, токму во карбинскиот дел, каде што се палат стрништата по жетвените активности. Стрништата се палат од несовесните земјоделци, кои ги остватаат самите да горат, но поради ветерот огинот се распространува и на други земјоделски култури и шума. Затоа градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев упати апел до жителите во карбинската општина да се однесуваат одговорно и доколку забележат пожар на отворено веднаш да се јават во противпожарната единица во Штип

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.