Вчера попладне на локалниот пат с. Кондово – с. Свиларе, скопско, А.М. (19) од с. Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото.

Во незгодата сопатникот М.А. (18) од с. Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.