Наделжните утрово го извлекоа од водата автомобилот „пежо 206“ со скопски регистрации, кој пропаднал во канал во Градскиот парк во Скопје.

Зад воланот седело 25-годишно момче, а според кажувањето на неговиот татко, кој го набљудуваше извелкувањето на возилото, инцидентот се случил после 3 часот утринава, пренесува „Сител“.

Тој не откри дали неговиот син имал повреди, ниту дали во автомобилот имало и други патници. На местото беа видливи траги од кочење, а извлекувањето на возилото го следеше и полицијата.

Од МВР претходно потврдија дека немало пријавени повредени лица во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.