Вчера околу 14 часот во Куманово на ул. „11-тиОктомври“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (28) удрило во пешак – деветгодишно дете од с. Опае – Куманово.

По незгодата возачот го однел детето во кумановската болница, каде му се констатирани телесни повреди.

Увид по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово извршиле полициски службеници од ПС Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.