Вчера попладне на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано „Прждевски споменик“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 34 мигранти од Авганистан.

Возилото не застанало и продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.И. (24) од с. Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди. На сите повредени им била укажана помош во околните болници.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.