Вчеравечер околу 21.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул.„Маршал Тито“, каде била заедно со нејзината ќерка и одзеле пари, телефон и златен накит.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

По консултација со Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.