Вчера попладне на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У. (40) од Велес, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.