Семејна драма во Ресен вчера попладне, откако по расправија настанала и тепачка помеѓу двајца браќа, по што синот на едниот од нив се вмешал.

Вчера во 17 часот и 40 минути во Полициската станица Ресен било пријавено дека во двор од куќата на улица „Бигла“ во Ресен, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу С.А.(43) и неговиот брат С.А., по што се приклучил и синот на С.А.(43), Ќ.И. од Ресен.

Според пријавеното, С.А. се обидел со нож да ги нападне Ќ.И. и С.А.(43), но тие го совладале и го задржале до доаѓање на полициски службеници, кои го лишиле од слобода С.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.