Ноќва 20-тина минути по полноќ на улица „Столарска“ во Битола, И.П.(36) од село Дедебалци, битолско, управувајќи патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.С.(58) од Битола.

С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.