На крстосницата од улицата „Ристо Шишков” и улицата „Аминта Трети” во Скопје вчера се случила сообраќајна незгода во која моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) удрило во велосипедистот Ј.Х. (25).

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.