Вчераутро на улица „Варшавска“ патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ. (48) од с. Волково, скопско, удрило во пешакот Б.И. (48) од Скопје.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.