Обвинителката Фатиме Фетаи, денеска на суд се појави со нов имиџ, кратка коса и одело.

Инаку денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012, познат како „Монструм”. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

Постапката на овој случај е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на една од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.