Полициски службеник е повреден додека извршувал службени дејствија, откако бил прегазен од мотоциклист, соопштија денеска од МВР.

Несреќата се случила вчеравечер во 22.30 часот на Железнички премин на ул.„Благоја Стефковски“ во населба Хиподром, Скопје, кога З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во полицаецот.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.